Енис Барди со прекрасен гол од слободен удар не спаси пораз на Трабзон (ВИДЕО)

Нов гол на Енис Барди во турскиот шампионат. Повторно од прекин, од слободен удар откако успеа да го совлада голманот на Самсунспор.

Македонскиот репрезентативец во тие мигови успеа да го намали резултатот на 2-1, но не и да го спаси својот тим од пораз. На крајот беше 3-1 за Самсун.

Со овој пораз, Трабзон остана на третото место, но сега е загрозен во битката за Европа следната сезона. За Барди ова беше седми гол во оваа сезона.

Се вчитува...