Торино се подели за Алегри, дел од навивачите му порачаа: „Сакаме со тебе на СП“

ЈУвентус веќе неколку години е далеку од титулата во Серија А, а и оваа сезона ќе мора да се задоволи само со учество во Лигата на шампионите. Дел од навивачите на Јувентус веќе подолго време протестираат против тренерот, Масимилијано Алегри, кого го сметаат за главен виновник, но дел од навивачите не мислат така.

Групата „Викинг Јуве“ отсекогаш му давала поддршка и го скандирала неговото име на натпреварите, дури и кога добивале свирежи од останатите гледачи, а сега со транспарент пред стадионот на Јувентус испратија порака до Алегри.

Тие на транспарент пред „Алијанц“ стадионот во Торино напишаа: „Господине Алегри, мора да останете, сакаме со вас да одиме на Светското првенство“.

Тоа би значело и нов договор за тренерот, со оглед на тоа дека актуелниот му завршува на крајот од следната сезона, а Светското клупско првенство се игра во САД следното лето, односно од 15-ти јуни до 13-ти јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести