ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Запленета дрога во џип и уапсени арачиновци на патарината Тетово – Гостивар

Запленета дрога во џип и уапсени арачиновци на патарината Тетово - Гостивар

На една од патарините на автопатот Тетово-Гостивар, полицијата спречи шверц на 35 килограми дрога вредна 100.000 евра. Уапсени се две лица, жители на Арчиново. При проверката, во багажникот на џипот биле пронајдени 4 вреќи со марихуана.

Дополнително потоа биле извршени претреси во куќите на уапсените лица од Арачиново при што биле одземени материјални докази поврзани со кривичното дело. Едниот од уапсените со иницијали К.А., полицијата го барала за незаконски активности и бегство од штипскиот затвор каде требало да одлежи затворска казна од 6 и пол години.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button