Спојување на Тоше Коцевски и APCEI во “The Founder Games”

- Advertisement -

Во иновативниот свет на “The Founder Games powered by Halk Bank”, каде што технологијата и предприемачкиот дух се спојуваат за да создадат иднина која е и ефикасна и прецизна, соработката меѓу Тоше Коцевски и APCEI се истакнува како пример за водечка трансформација. Тоше, искусен предприемач, градител на бизниси, лидер на тимови, стратег и консултант со повеќе од 25 години искуство, сега го насочува своето внимание кон APCEI, иновативен проект кој го трансформира граѓанското инженерство со автоматизација.

Тоше  е добро  познат претприемач во бизнис секторот каде се издвојува со својата главна каркатеристика како одличен во оценувањето на бизнис динамиките, препознавањето на можности, создавањето визија за промена и раст, и изградба и водење на тим за соработка и постигнување на исклучителни резултати заедно во средини на стартап, пресврт и брза промена. Со водство на 5.000 вработени ширум светот и управување со проекти вредни повеќе од 100 милиони евра, Тоше е светски ментор за стартапи кој верува дека „успехот е кога успееш, и тоа е во бесконечно време бидејќи успехот никогаш не завршува“.

- Advertisement -

APCEI е стартап кој се издвојува поради неговиот фокус  кон градежното инжeнерство, нудејќи решение кое ги прави повторливите пресметки и задоцнувањата нешто од минатото. Со оваа платформа, ефикасноста и прецизноста се во преден план, овозможувајќи побрзо завршување на проектите и зголемено задоволство на клиентите. APCEI е иднината каде автоматизацијата води кон подобрување на целиот процес на инженерство.

Следете го патувањето на Тоше Коцевски и APCEI во “The Founder Games powered by Halk Bank” и бидете дел од нивната мисија за реинвентирање на градежното инженерство. Ова е вашата шанса да видите како правилното менторство и иновативниот пристап можат да создадат значајни промени во начинот на кој се изведуваат и управуваат инженерските проекти.

Сподели!
- Advertisement -