„Самоглас“ им дава глас на помладите домашни автори

Во една земја каде што културата се мери според награди и признанија, младите автори честопати тешко доаѓаат до израз. Се разбира има и исклучоци, издавачки куќи кои им даваат предност на младите квалитетни автори, како Или-Или, ПНВ публикации или Темплум. Наградите доаѓаат по објавувањето кај нив!

Во недостаток на едно централно место каде што како во инка се спојува алтернативната култура, како што беше Културниот центар Точка, постојат повеќе децентрализирани играчи. Парадоксално тоа и беше дел од активностите на проектот „Слевање на Маргините“ чијшто (условно кажано) „центар“ беше Точка.

Издавачката куќа Темплум и здружението на граѓани Контарпункт, на 29. 05. 2002 година, го отвори Јавниот културен простор Точка што се наоѓаше на ул. Илинденска бр. 38 (веднаш после семафорите кај Владата), а што беше одбележано со поставувањето на изложбата на Игор Тошевски наречена „Трансфери“.

Точка е простор замислен мултифункционално и во физичка и во содржинска смисла. Во него ќе започне да се развива и да се негува книжарско-библиотечен оддел со клуб на читатели, ќе бидат презентирани дела на наши и, пред се, на уметници и на движења од регионот, ќе се одржуваат дебати, разговори, проекции, а воедно ќе биде и уточиште за редакцијата на списанието „Маргина“. Всушност, формирањето на овој културен центар е обид за градење на средишна точка, културно и општествено урбано јадро во главниот град каде што маргиналната и онаа маин стреам продукција ќе се судираат, преплетуваат, и меѓусебно ќе се конфронтираат или согласуваат. Точка би требало да прерасне во огледална слика од која ќе се одбива културниот аутизам на привилегираните “национални” центри.

(Извадок од сајтот на „Контрапункт“ за отворањето на Точка.)

Краток филм за Точка

Сепак, денес постојат повеќе фестивали, здружувања, културни настани, како „Добро утро креативци“, „Трка на Поезијата – Poetry Run“, „ПичПрич“, „Нихон Џи“ и други, како и неформални начини на здружување и индивидуални иницијативи.

Самоглас

„Самоглас“ е една таква иницијатива и платформа за аудиокниги која се издвои од другите зашто направи нешто многу потребно и корисно за културата и литературата кај нас.

Самоглас
samoglas.mk

Пред нивното појавување аудио книгите се среќаваа само како дел од проектот за аудиокниги на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија. Таму се претежно застапени класиците на светската и македонската литература, како и лектирите од основно и средно образование, но посериозни алтернативни млади автори се исклучок. „Самоглас“ го смени тоа.

На платформата „Самоглас“ има речиси 100 аудио книги, од кои една четвртина (23) се македонски автори.

Повеќето од нив се од помладата генерација, а нивните книги се објавени во последните 10 години.

Подолу ја пренесуваме листата на книгите:

1. Владимир Мартиновски – „Дур дишам, се надевам! / Dum spiro spero!“ (2019); „Побрзај и почекај“ (2011)

2. Оливера Ќорвезироска – „С(п)летени Раскази“ (2003)

3. Жарко Кујунџиски – „13“ (2010)

4. Горан Стефановски – „Приказни од Дивиот Исток“ (2005)

5. Ива Дамјановски – „Двоумење“ (2020)

6. Снежана Стојчевска – „Модри Фантазии“ (2015)

7. Лидија Димковска – „Кога заминав од Карл Либкнехт“ (2019)

8. Бранко Прља – „3 минути и 53 секунди“ (2015)

9. Ирена Јурчева – „Белата е најстрашната боја“ (2019)

10. Марина Мијаковска – „Куќички“ (2015)

11. Билјана Станковска – „Сега се’ е поинаку“ (2014)

12. Тамара Јолевска-Попов – „Скопје, ти раскинуем“ (2019)

13. Весна Мојсова-Чепишевска „101 живот“ (2019)

14. Елена Атанасиу – „101 живот“ (2019)

15. Филип Димкоски – „Во градината има само љубов“ (2018)

16. Габриела Стојаноска – „Гола“ (2007)

17. Винка Саздова – „Вилино“ (2019)

18. Елена Пренџова – „Избор поезија“ (2021)

19. Стефан Марковски – „Хипербог“ (2019)

20. Јагода Михајловска-Георгиева – „Манастир Фуентерабија“ (2017)

21. Катерина Гогова – „Пад во немирна вода“ (2018)

22. Калиа Димитрова – „Вештерките денес“ (2018)

23. Блаже Конески – „Везилка“ (1971), „Лозје“ (1955)


Новиот конкурс на Здружението за афирмација на уметност „Флуктус“ (кое стои зад „Самоглас“) за подкасти е исто така интересен обид да се внесе нов живот во културната сфера во Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *