ТЕРА

REKLAMA???

МИЛЕВСКИ И ТРИПУНОВСКИ НА СРЕДБА СО ЗЕМЈОДЕЛЦИ И ФАРМЕРИ ОД КАРАМАНИ

И земјоделците и фармерите во Карамани убедени се дека промените се неопходни, рече Пеце Милевски, кандидатот за пратреник кој денеска со дополнителниот заменик министер за земјоделие Цветан Трипуновски беше во посета на Карамани.

„Земјоделието мора да биде поддржано како еден од најважните сектори во глобалната борба за здрава храна.  Со министерот за земјоделство, водостопанство  и шумарство во техничката Влада, Цветан Трипуновски, покрај посетата на краварската фарма на ЗК Пелагонија се сретнавме и со фармерите Пецо Јунтовски и Илче Српчански од село Карамани.

Новата влада предводена од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија ќе обезбеди  дополнителни директни плаќања за чување добиток од автохтони раси и видови  поддршка на организации на производители на производи од автохтони сорти и раси добиток во постапките за заштита и маркетинг“ рече Милевски.