Ден за ждрепка: Ракометарките ги дознаваат ривалите за ЕВРО 2024

Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска ќе ги дознае противниците во групната фаза од ЕВРО 2024 што ќе се одржи на крајот од годинава.

Ждрепката е закажана за 18 часот во Виена, кога нашата национална селекција ќе дознае со кој три ривали ќе се сретне во групната фаза од овој европски шампионат, втор во низа за македонската женска репрезентација по оној пред две години на кој нашата земја беше ко-домаќин.

Македонија е сместена во третиот шешир на ждрепката, што значи дека за ривал не може да ги добиеме: Словенија, Хрватска, Полска, Србија и Исланд.

ЕХФ веќе распореди по една селекција во групите, па така Унгарија ќе биде во групата А во Дребрецин, Црна Гора во групата Б што ќе се игра во истиот унгарски град, Франција ќе биде носител во групата Ц во Базел, а Швајцарија како домаќин ќе игра во групата Д во Базел. Австрија ќе биде домаќин во групата Е во Инсбрук, а во овој град ќе игра и Германија, како дел од групата Ф.

Ракометното ЕВРО 2024 за жени ќе се одржи од 28 ноември до 15 декември. Првата фаза ќе се игра во Дебрецин, Базел и Инсбрук, главната рунда ќе се одржува во Дебрецин и во Виена, а финалниот викенд и разврската за медали се резервирани за Виена.

Се вчитува...