Вести Избори 2024 Македонија

Немаат 10 гласачи за организација на гласање – ОИК Штип укина три гласачки места

Во Општина Штип се укинати уште три гласачки места, затоа што не го исполнуваат условот за 10 гласачи колку што се потребни за да се организира гласање. Тоа се гласачките места во селата Софилари, Брест и Горачино. Тие лица ќе можат да гласаат во најблиските населени места.

Во таа општина досега се пријавени и 100 лица за гласање во домашни услови. Општинската изборна комисија ќе работи до вечерва на полноќ, кога истекува рокот за пријавување на болните и изнемоштени лица за гласање дома. Тие ќе гласаат ден пред изборите, односно на 23 април за претседателските избори и на 7 мај за парламентарните.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Столтенберг: Членките на НАТО доцнат со испорака на ветеното за Украина

Дејан Дејан

Пендаровски од Тетово: Нашите концепти не се разликуваат во нијанси, нашите концепти се драстично различни

Дејан Дејан

ФОТО: На Рекорд нова сообраќајна незгода со моторџија во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе