Иран: Нападот врз Израел ги постигна сите цели, мета беа две локации

Иран го предупреди Израел за голем напад на негова територија доколку возврати на нападот на Техеран синоќа, додавајќи дека Вашингтон е предупреден да не ја поддржува израелската воена акција

Командант на ​​иранските вооружени сили рече дека нападот врз Израел во текот на ноќта ги „постигнал сите негови цели“. Како што оцени генералот Мохамед Багери во телевизиско обраќање, операцијата „Искрено веетување“ била успешно спроведена од вчера вечерта до утрово и ги постигнала сите нејзини цели.

Притоа, тој нагласи дека ниту еден урбан или економски центар не бил цел на ирански беспилотни летала и проектили.

Иран го предупреди Израел за голем напад на негова територија доколку возврати на нападот на Техеран синоќа, додавајќи дека Вашингтон е предупреден да не ја поддржува израелската воена акција.

„Ако Израел возврати на Иран, нашиот одговор ќе биде многу поголем од вечерашната воена акција“,

изјави началникот на Генералштабот на вооружените сили генерал-мајор Багери за државната телевизија, додавајќи дека Техеран го предупредил Вашингтон преку Швајцарија дека каква било поддршка за израелската одмазда ќе резултира со напад врз американските бази во регионот.

САД имаат неколку воени бази во регионот.

„Нашите операции се завршени и немаме намера да ги продолжиме“,

рече Багери, пред да потврди дека иранскиот напад со беспилотни летала и ракети бил успешен против две израелски воени бази.

Целеле две локации

Тој рече дека мета биле две локации – „разузнавачкиот центар што им ги дал на ционистите потребните информации“ за нападот што го уништи иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април, како и „воздухопловната база Новатим, од каде што полетаа авионите Ф-35 што го бомбардираа конзулатот“.

„Тие два центри беа значително оштетени и ставени надвор од употреба“,

тврди тој.

Иранскиот командант посочи дека немаат намера да ја продолжат операцијата, „но ако ционистичкиот режим преземе акција против Исламската Република Иран, било на наша територија или во нашите центри во Сирија или на друго место, нашата следна операција ќе биде многу поголема од оваа“.

Командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда Хосеин Салами, исто така, предупреди дека Техеран ќе возврати на секој израелски напад врз неговите интереси, официјални лица или граѓани. Салами рече дека операцијата спроведена во текот на ноќта „можеше да биде поголема“.

„Ја ограничивме оваа операција на она што ционистичкиот режим го искористи за да го нападне нашиот конзулат во Сирија“,

рече Салами.

Иран синоќа го нападна Израел со 300 проектили, а портпаролот на израелските одбранбени сили соопшти дека 99 отсто од нив биле пресретнати од воздушната одбрана. Даниел Хагари соопшти дека Иран истрелал 120 балистички ракети кон Израел. Многу од нив биле соборени од системот за воздушна одбрана со долг дострел „Стрела“, иако некои од ракетите успеале да ја заобиколат одбраната на Израел, погодувајќи ја воздушната база Неватим во јужен Израел.

Иран, кој го започна нападот како „одмазда за бомбардирањето на неговите дипломатски објекти во Дамаск“, објави дека операцијата е завршена. Израелската служба тврди дека станува збор за зграда во која се криеле војници на единицата Кудс – специјализирани за шпионажа и неконвенционално војување, а поддржани од Хамас, Хезболах, хути…

(ВИДЕО) Иран го нападна Израел со 300 проектили, Нетанјаху објави дека ги блокирале

Американскиот претседател Џо Бајден ги осуди иранските напади врз воените објекти во Израел, ветувајќи координиран дипломатски одговор од Групата седум (Г7) и ја нагласи помошта на Соединетите Американски Држави во соборувањето на „речиси сите“ напаѓачки дронови и проектили.

Бајден, кој го прекина патувањето во Делавер и се врати во Вашингтон за да се сретне со советниците за нападот во саботата доцна навечер, во соопштението објавено од Белата куќа рече дека американските сили и објекти не биле погодени.

Американскиот претседател рече дека ја повторил својата „железна“ поддршка за безбедноста на Израел во разговор со премиерот Бенјамин Нетанјаху, со кого имал затегнати односи поради израелското справување со војната во Газа.

Бајден вети одговор на Г7 и „железна“ поддршка на САД за Израел по нападот од Иран

Нападот на Иран врз Израел го осудија и лидерите на институциите на Европската Унија.

- Реклама -