Витесе доби казна од 18 поени и веќе се спакува за во Втора лига

Фудбалскиот федерација на Холандија  соопшти дека на Витесе му се одземени 18 бодови. Така математички останаа без шанси да останат во лигата и се преселија во втората лига на холандскиот фудбал.

Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција од минус 18 поени на Витесе. Клубот од Арнем ја добива оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнил барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период.

До крајот на првенството остануваат уште четири натпревари. Најголемиот успех Витесе го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...