Ганг: Односите меѓу Кина и Русија се фактор кој ќе донесе глобален мир и стабилност

Од:

Кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг денеска изјави дека односите меѓу неговата земја и Русија се фактор кој ќе донесе глобален мир и стабилност.

„Ние сме добри соседи, добри партнери и ги претставуваме силите на доброто во светот“, изјави кинескиот министер за надворешни работи за ТВ „Русија 1“, пренесува ТАСС.

Според Чин Ганг, односите меѓу Русија и Кина се засноваат на заеднички интереси и не претставуваат закана за ниту една друга земја.

Чин Ганг ги пофали резултатите од неодамнешниот руско-кинески самит, нарекувајќи го „многу успешен“ и „плоден“.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски