Дали Лејкерси ќе ја прекинат серијата од десет победи по ред на Јокиќ и Денвер во меѓусебните дуели (Фото)

Вечерва ќе се одиграат три натпревари од првата рунда од плејофот во НБА-лигата, по кој некои работи ќе бидат појасни. Кливленд, Њујорк и Денвер имаат водство од 2-0 во победи против Орландо, Филаделфија и ЛА лејкерс.

ЛА лејкерс се наоѓа во серија од десет порази во низа во дуелите со шампионот Денвер нагетс и вечерва во „Крипто.ком арената“ пред своите гледачи има императив да победи за да ги задржи шансите за пласман во следната рунда.

Со нова победа на Денвер и евентуално водство од 3-0 во победи, никој не верува дека Лејкерси потоа би врзале четири триумфи по ред, посебно ако се знае дека минатата сезона загубија со 4-0 во победи во финалето на Западната конференција.

На Истокот, во идентична ситуација се наоѓаат Орландо и Филаделфија. Во редовите на Филаделфија, пред почетокот на плејофот се врати првата ѕвезда Џоел Ембид, но Њујорк оствари две победи пред своите гледачи.
Овојпат, фаворитската улога ја има Филаделфија (1.53), која нема избор и мора да слави.

Во понудата на Sport Life има одлични комбинации за „плус-минус“ за бројот на поени, скокови и асистенции. Тука е и понудата за вкупен збир на поени, скокови и асистенции, што значи дека за љубителите на кошарката има одлични опции кои треба да се искористат.

 

 

- Оглас -

Најнови вести