Облечени како гладијатори тројца мажи изнудувале пари од туристи во Рим

Полицијата во Рим уапсила тројца мажи под сомнение дека изнудувале пари од туристи, откако се фотографирале со нив во областа околу античкиот Колосеум.

Облечени како гладијатори и римски војници, осомничените им нуделе на туристите можност да се фотографираат со нив на позната туристичка дестинација во Рим. Потоа барале и до 500 евра, соопшти полицијата.

Тројката, наводно, понекогаш им се заканувала на луѓето со цел да изнуди пари.

Јавното обвинителство на двајца од нив им одреди куќен притвор, а еден од нив се уште е во полициски притвор.

Неколку странски туристи поднеле жалби во периодот од август до септември оваа година, соопшти полицијата.

Ирец им рекол на тројцата осомничени дека нема пари откако се фотографирал со нив. Потоа наводно го принудиле да подигне пари од банкоматот. Кога се вратил со 200 евра, наводно го испратиле да се врати за дополнителни 50.

Од италијански турист побарале да им предаде 40 евра, што тој го одбил. Осомничените потоа го опколиле и му се заканиле дека ќе го повредат, со што на крајот му изнудиле 150 евра.

27.11.2022 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега