Македонија

Тешка сообраќајка на патот Скопје-Тетово помеѓу „бмв“ и мотоцикл

Едно лице потешко повредено во сообраќајка на патот Гостивар-Кичево

На 28.03.2024 во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од регионалниот пат Скопје–Тетово и локалниот пат с.Сарај–с.Глумово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.О.(21) од Република Турција, со престој во Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.Ќ.(23) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

To Top