16.8 C
Skopje
петок, мај 10, 2024

Еве како да препознаете кое месо е свежо

Купувањето месо им задава мака на многу луѓе бидејќи никогаш не сме сигурни колку е свежо, а еве кои се главните показатели.

Без разлика дали купувате месо во големи трговски синџири или во месарница, секогаш се прашувате дали сте го избрале најдоброто парче месо. Во последно време многу се сомневаме во тоа што јадеме, па ви откриваме како да направите разлика помеѓу неисправно и свежо месо. Свежото месо има изедначена боја, што обично е знак за квалитет.

Искусните месари велат дека свежото месо се купува со нос и очи. При купувањето внимавајте на бојата, мирисот и текстурата на месото, а во продолжение ќе дознаете на што посебно да внимавате при купување на одредени видови месо.

Свинско месо

Кога купувате свинско, внимавајте да биде светлорозово бидејќи тоа е знак дека е свежо. Црвената боја на месото покажува дека месото е старо. Исто така, свежото свинско месо има цврста, фино ткаена структура и не смее да биде лепливо или сивкаво.

Говедско месо

Ако говедското месо е свежо, веднаш ќе ја забележите неговата прекрасна црвена боја и цврстата текстура. Треба да биде прошарано со мали, не дебели жилички. Грубите и жолти масни жили укажуваат на тоа дека месото е, веројатно ,од постаро грло. Ако забележите сиво или црно на парче говедско месо, не го купувајте бидејќи е со сомнителен квалитет.

Пилешко месо

Свежото пилешко треба да има нормален мирис, светла боја и да не биде темно околу коските бидејќи тоа е знак дека е старо. Ако градната коска е мека и податлива, тогаш тоа е млада живина. Најлесен начин да проверите дали спакуваното пилешко е свежо е да го допрете. Ако остане вдлабнувањето значи дека не е свежо, а ако не остане свежо е.

Јагнешко месо

Свежото и квалитетно јагнешко е со розова боја, а месото е цврсто и еластично. Кога ќе го притиснете со прстот, веднаш ќе се врати на почетната позиција. Овој вид на месо има специфичен мирис, а дали претходно било замрзнато може да се препознае по тоа што мириса помалку од свежо или воопшто нема мирис.

Најголем ризик е меленото месо

Најмногу се сомневаме кога купуваме мелено месо бидејќи не знаеме што не мамат месарниците. Сепак, ова може лесно да се реши ако следите едно правило. Никогаш не купувајте изложено и готово мелено месо бидејќи прашање е колку навистина има чисто месо. Секогаш барајте од месарот да ви го сомеле пред очи и така ќе знаете што купувате. Можеби ова е малку поскапа опција, но е далеку побезбедна.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести