• петок, 26 април 2024

ЦУК: Нема пријавени пожари на отворено во последното деноноќие, 1.849 повици на 112

ЦУК: Нема пријавени пожари на отворено во последното деноноќие, 1.849 повици на 112

Скопје, 27 март 2024 (МИА) - Во последното деноноќие нема пријавено пожари на отворено, а имало вкупно 1.849 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). 

Од ЦУК потсетуваат дека е потребно редовно чистење на оџаците и на локалните одводни канали. Апелираат да не се пали вегетација на отворено.

Во последното деноноќие од вкупно 1.849 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, „реални“ повици биле 44,35, а 55,65 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 62,76 отсто, кон итната медицинска помош 33,47, а кон пожарникарите 2,10 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК. мд/цр/ 
 
Фото: МИА архива

Остани поврзан