Костадиновска-Стојчевска на откривањето на бистата на Гоце Делчев во Пустец


 

„Хероите како Гоце Делчев и нивните идеали за слобода и рамноправност се нашиот патоказ кон Европа“, напиша на социјалните мрежи министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска откако денес во Пустец, Албанија, беше откриена бистата на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Костадиновска-Стојчевска присуствуваше на тој настан.

Министерката истакнува дека бистата „е вечен потсетник за значењето на искрената борба во име на високите цели за напредна и независна држава“.

„Заедно со нашите сограѓани Македонци му оддадовме почит на еден од најсветлите ликови во нашата историја, идеолог и борец за слободна македонска држава. На дело покажуваме како заедно, од двете страни на границата, се грижиме за македонската историја и култура, и ги афирмираме македонскиот јазик и идентитет“, напиша Костадиновска-Стојчевска.