Зголемено користење на хуманитарните паркинзи во Штип, за девет месеци генерирани 2,5 милиони денари

Постојано се зголемува приходот и користењето на хуманитарните паркин позиции, вели Стефановски директор на ЈП„Стипион“. Искатна дека во период од девет месеци се генерирани вкупно два илпол милиони денари, а од нив 500 илјади се слеани на сметката на солидарниот фонд.

„Хуманитарните паркинзи започнаа да функционираат во јули минатата година. Јас сум задоволен од искористеноста на хуманитарните паркинзи, посебно ме радува фактот што од месец во месец се зголемува приходот кој што го генерираме за овие позиции. За девет месеци вкупно се генерирани 2,5 милиони денари, од кои 500 илјади денари ќе се слеат на сметаката на солидарниот фонд кои ќе одлучат за која намена ќе ги користат.“ – изјави Стефановски

Посочиа дека хуманитарите паркинзи ќе се прошират на новите паркинг места кај Домот на културата и кај Стоковната куќа „НАМА“, децидни дека во иднина ќе работат на проширување на хуманитарната зона.

„Имаме планови за проширување на хуманитарната зона, за почеток хуманитарните паркинзи ќе се прошират на ново изградените паркинзи на ниво и тоа кај Домот на културата на 55 паркинг места и кај Стоковната куќа „НАМА“ со 25 паркинг позиции.“ – додава Стефановски

Паркинг местата на неколку локации во централното градско подрачје во Штип ќе различно обележани, согласно креативноста на уметници кои хуманитарно ги обележуваат. На местата ќе бидат поставени соодветни табли со кои граѓаните ќе може да ги препознаат овие паркинг места.

Лаура Стојанова, М-Нет