Барселона тргнува по потписите на Дани Олмо и Нико Вилијамс

Во Барселона по неуспешната сезона размислуваат за засилувања за следната сезона, а се чини дека е донесена одлуката кои се главните мети.

Мундо Депортиво пишува дека во Барселона сметаат дека двајцата играчи одлично би се вклопиле и дека почнуваат со значителна предност во однос на другите бидејќи имаат фиксна цена. Станува збор за двајцата шпански репрезентативци: Дани Олмо и Нико Вилијамс.

Споменатиот шпански весник тврди дека Олмо има жестоки навивачи во раководството на Барселона, почнувајќи од спортскиот директор Деко и завршувајќи со тренерот Чави. Меѓу нив има консензус и го сметаат за идеален играч за тимот.

Иако поголемиот дел од кариерата го мина на лево крило, Олмо е корисен на двете крилни позиции, во средниот ред, па дури и како напаѓач. Првата ѕвезда на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс исто е на радарот и би требало да помогне на крилната позиција каде тимот летово ќе остане без Рафиња и Жоао Феликс.

Се вчитува...