🎥Една од причините зошто Лејкерси губат 3:0: Тренерот објаснува, Дианџело Расел си игра на телефонот

од Vladimir Zorba

Многумина се прашуваат како Денвер ги уништува Лејкерси со 3:0 во четвртфиналната серија на „Западот“?

Одговорот на тоа може да се најде во она што го прави еден од главните играчи на овој тим – Дианџело Расел за време на натпреварот.

Додека тренерот и соиграчите ја договараат тактиката на тајм-аут, овој „господин“ седи и гледа во телефонот. Да, добро прочитавте, Расел зјапа во телефонот.

Гледајте сцена која е сè само не нормална:

Сега изгледа кристално јасно зошто Лос Анџелес нема што да бара против сериозен тим како Денвер.

Инаку, Расел во мечот број три за 25 минути не постигна ниту еден поен. Тој шутираше 0/7.

Слични содржини