Свет

Курти: Доколку Србија не биде казнета, ќе го повтори делото

Курти: Доколку Србија не биде казнета, ќе го повтори делото

Косовското собрание се согласи да подготви резолуција за осуда на нападите врз косовската полиција во селото Бањска во северно Косово.

dobivaj vesti na viber

Во судирите меѓу полицијата и вооружената група во Бањска во општина Звечан загинаа еден полицаец и тројца напаѓачи од српска националност.

Седницата на собранието на Косово на 28 септември почна со едноминутно молчење во чест на убиениот полицаец.

Косовскиот премиер Аљбин Курти го повика меѓународниот фактор во собранието да ја казни Србија за нападот во Бањска.

„Ако остане неказнетa, ​​тогаш ќе го повтори делото“, рече тој.

На почеток