Утрински Весник
Македонија

Таравари: Зголемување на минималната плата до 800 евра за борба против имиграцијата

Img 20240418 Wa0026.jpg
300x250 (7)

Кандидатот за претседател од редовите на ВЛЕН, Арбен Таравари, ја изрази својата заложба за борба против имиграцијата преку зголемување на минималната плата во нашата земја. Во рамките на идната влада се планира зголемување на платите и до 800 евра, со што ќе се создадат нови можности младите мажи и жени да останат и да придонесат за развојот на државата.

Преку грантови за технологија и иновации, Таравари рече дека владата има за цел да ги поддржи нивните креативни идеи, фокусирајќи се на развојот на земјата како атрактивна алтернатива за младите.

300x250 (7)

„ Иселувањето кај нас е над секоја норма, бројките се алармантни. Не можеме да останеме рамнодушни на оваа ситуација. Така како следна влада на ВЛЕН ќе донесеме одлука за покачување на платите. Ќе се заложиме минималната плата до крајот на нашиот прв владејачки мандат да биде 800 евра. Преку грантови за технологија и иновации, ќе ги поддржиме младите мажи и жени со нивните креативни идеи, кои првенствено служат за нашиот развој како држава. Ова ќе биде дополнителна причина да ја гледаат иднината овде со нас, недалеку од нивните домови, недалеку од нивниот роден град”. – преземено од говорот на Арбен Таравар на централниот митинг во Струга.

Ss1

Можете да прочитате

Санкционирани 130 брзи возачи – 24info.mk

Битиќи: Во коалиција сме со граѓаните за европска Македонија 

Откриени 157 возачи под дејство на алкохол