„Падот на Масада“ утревечер во Драмскиот Театар во Скопје

Во вторник, на 5 март 2024 година, во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската претстава „Падот на Масада“.

Автор: Венко Андоновски
Режија: Дејан Пројковски
Асистент на режија: Дамјан Димовски
Сценографија: Валентин Светозарев
Костимографија: Валентин Светозарев
Музика: Горан Трајковски


Улоги: Александар Степанулески, Јелена Жугиќ, Рубенс Муратовски, Филип Трајковиќ, Емилија Мицевска

Инспициент: Гоце Бојчев
Суфлер: Жаклина Цветковска


Режисерот Дејан Пројковски во својот осврт кон претставата вели: “Падот на Масада” ќе биде претстава за луѓето што сакаат да летнат, но нозете им се длабоко заглавени во калта на историјата и идеалите. Луѓе на кои сонот и фантазијата им се единствениот сигурен простор, нивната слободна територија. Живот или идеал ? ова прашање е за сега и секогаш.

…Паѓа ѕвезда,
замислив желба,
да падне на меко…


„Падот на Масада“ ќе биде претстава која ќе зборува за убиството и самоубиството. Вреди ли да се даде животот за идеја, и да се изврши самоубиство? Вреди ли да се бориш за татковина, ако притоа своите деца ги оставаш без татко? Ако животот е само еден дали чинот на самоубиството за идеал може да се нарече херојско дело? Секоја сцена се преиспитување за оваа одлука на Јудејците, за едно од најголемите самоубиство во историјата на човештвото. Претставата го поставува прашањето: колку имаме право на самоубиство (зашто „самоубиството е силна желба за живот ама на друг начин“.

Колку имаме право со себе да повлекуваме и други во самоубиствените чинови, без разлика колку тие од историска или идеолошка дистанца изгледаат како величествен чин на хероизам. Можеби некогаш тоа било највозвишен чин, но во денешниов егоистичен свет изгледа бесмислено да се посегнува по сопствениот живот заради возвишена идеја која нуди подобар свет.

Зошто – бесмислено? Затоа што сите големи идеи за подобар свет доживеаја пораз од нивните „верници“, меѓу кои има и „предавници“ кои повеќе сакаат да лежат на земја и да ја гледаат убавината на облаците на небото, одошто да гинат за бесмислени и однапред пропаднати мега-историски наративи.

…ЧОВЕК ЗВУЧИ ЛИ ТОА ГОРДО ?

Претставата како главна тема ќе го носи прашањето што е поважно денес – човекот или Големата Идеја? Ниедна идеја не родила човек, а живиот човек секогаш раѓал идеи. “Падот на Масада” ќе биде претстава за дното на човечките души и колку човекот всушност може да паѓа, и сето тоа само поради идеалите при тоа борејќи се во баналната тиранија на светот каде што е важно само да се проживее уште еден ден во општествениот синџир на исхрана. Во кој момент човекот престанува да биде човек? Како и зошто почнува човекот да станува животно. Идеалот или сопствениот живот ?

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неделен хороскоп за сите хороскопски знаци: Што не очекува оваа недела според хороскопскиот знак?!

Овен Работа: На почетокот на неделата ќе бидете доста активни, комуникативни, актуелни и на многу …