Поврзете се со нас

Италија

Фановите на Милан незадоволни, менаџментот размислува дали да се повлече од преговорите со Лопетеги

Објавено

на

Foto:twitter.com/Wolves

Милан го избрал Хулен Лопетеги за наследник на Стефано Пиоли, но жестоката реакција на фановите била причина првите луѓе на клубот да почнат да се предомислуваат околу оваа одлука.

Италијанскиот клуб веќе е сигурен дека ќе му врачи отказ на Пиоли, а во конкуренција на многу кандидати, шпанскиот стручњак бил избран како прва опција и веќе имал одреден договор со „росонерите“.

Реакцијата на армијата фанови на Милан не е најпозитивна, па на социјалните мрежи е активиран и хаштагот „Нопетеги“, со што тие јасно му порачаа на менаџментот дека не се задоволни од изборот и бараат друга опција.

Поранешниот шпански селектор и човек кој ги водеше Реал Мадрид, Севилја и Вулверхемптон може да извиси поради ваквиот развој на настаните, иако „Газета дело Спорт“ пренесува дека клубот подготвил договор според кој Лопетеги ќе заработува 4 милиони евра по сезона.

За италијанските медиуми, главни ривали на Лопетеги за престижната функција се Пауло Фонсека, Антонио Конте и Роберто Де Ѕерби.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни