Манчестер јунајтед му го краде засилувањето на Ливерпул кое треба да биде замена за Салах?

Ривалството меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул е најголемо во Англија на фудбалскиот терен, а налето ќе се префрли и на трансфер-пазарот, каде што Црвените најверојатно ќе останат без посакуваното засилување.

Според „Тимток“, Манчестер јунајтед планира да му ги расипе плановите на Ливерпул и да му го украде засилувањето кое го пикираше за летниот преоден рок.

Имено, Манчестер јунајтед се вклучи во трката по потписот со играчот на Јувентус, Федерико Кјеза, кого во Ливепул го гледаат како идеална замена за Мохамед Салах, кој би требало да биде продаден во Саудиска Арабија во рекорден трансфер.

Италијанскиот репрезентативец е незадоволен од минутажата во Јувентус и поради тоа одбива да седне на преговори за нов договор и наводно нема ништо против да се пресели во Премиер лигата, и тоа во редовите на еден од двата гиганти.

- Оглас -

Најнови вести