ССМ и КСОМ заедно на протест на 1 Мај под мотото „Ние работниците“

Од:

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ) денеска упатија заеднички повик до сите работници да се обединат и заедно со синдикатите да излезат на 1 Мај на протестот кој ќе започне во 11 часот пред Работничкиот дом под мотото „Ние работниците“.

Ова, како што информираат од ССМ, е договорено на заедничката средба на претседателот на ССМ Слободан Трендафилов и секретарот на Советот на ССМ Златко Цветковски со претседателот на КСОМ Марјан Ристески и генералниот секретар на КСОМ Гоце Делчев Тодев.

-ССМ и КСОМ ги слушнаа барањата на работниците за потребата од обединување на синдикатите и оваа години заедно го организираат работничкиот протест на Меѓународниот ден на трудот 1 Мај. Сојузот на синдикатите на Македонија и Конфедерација на синдикалните организации на Македонија заедно излегуваат на работничкиот протест на 1 Мај под мотото „Ние работниците“, соопштија од ССМ.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он

ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај

ССМ ќе бара враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување на минималната плата на најмалку 450 евра

Трендафилов: Постапката за Работничкиот дом ќе се повтори

ССМ: Срамно е во 21. век да се молиме за плата за месеци кои луѓето ги изработиле

Горан Наумовски