Челси повторно на шопинг во Лајпциг

Новата сезона за заборав на Челси во која тимот од „Стемфорд Бриџ“ се мачи со реализацијата пред голот ќе го примири тимот на нови засилувања во нападот престојното лето. По трансферот на Кристофер Нкунку „сините“ целат на ново засилување од редовите на Лајпциг.

Станува збор за словенечкиот репрезентативец Бенџамин Шешко кој е на радарот на Челси веќе две години. 20-годишникот оваа сезона веќе ја надмина двоцифрената граница на постигнати голови постигнувајќу 11 голови на 28 одиграни средби во Бундеслигата.

Талентираниот напаѓач според популарниот „Трансфермаркт“ вреди 40 милиони евра, но за реализација на трансферот Челси ќе мора да одвои 20 милиони повеќе, откриваат германските медиуми.

За услугите на Шешко е заинтересиран и Арсенал со што се очекува лондонска конкуренција за негов потпис.

Се вчитува...