Поврзете се со нас

Англија

Лампард го ангажираше првото засилување за новата сезона: Англиски репрезентативец слета на „Гудисон“

Објавено

на

Евертон го ангажираше првото засилување во пресрет на новата натпреварувачка сезона во која се очекува клубот од Ливерпул да одигра многу подобро.

Ново име во таборот на „карамелите“ е Џејмс Тарковски кој пристигнува како слободен агент откако неговиот договор со Барнли дојде до самиот крај.

Тарковски кој е повремен англиски репрезентативец потпиша договор со Евертон до 2026 година, а по официјализирањето на трансферот истакна дека во клубот пристигнал за да биде успешен.

– Амбициозна личност сум, сакам да победувам, дојдов овде за да бидам успешен, -истакна Џејмс Тарковски.

Евертон во меѓувреме го продаде Ричарлисон на Тотенхем, а клубот ќе го напуштат и Фабијан Делф, Џенк Тосун, Гилфи Сигурдсон и Џонџо Кени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни