ВРХОВНИОТ СУД ГО ПУШТИ ТАТКОТО НА ВАЊА ВО КУЌЕН ПРИТВОР

    ВРХОВНИОТ СУД ГО ПУШТИ ТАТКОТО НА ВАЊА ВО КУЌЕН ПРИТВОРОбвинетиот Александар Ѓорчевски и неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ на јавна седница во Врховниот суд. (Фото: МИА)

    Врховниот суд му ја преиначи мерката притвор во куќен притвор на таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, по денешната јавна седница за неговата жалба.

    Тој е еден од обвинетите за киднапирањето и убиството на неговата 14-годишна ќерка во ноември минатата година и од декември е во притвор, заедно со уште тројца други обвинети. Првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо е сè уште во екстрадициски притвор во Турција.

    „Советот за казниви дела донесе Решение со кое жалбата на обвинетиот A.Ѓ. jа уважи. Врховниот суд на Република Северна Македонија ја известува јавноста дека по одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот за казниви дела донесе Решение со кое жалбата на обвинетиот А. Ѓ., изјавена преку неговиот бранител Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, ја уважи, a решението на Апелационен суд Скопје КСЖ-320/24 од 02.04.2024 година, го преиначи на начин што определената мерка притвор против обвинетиот А.Ѓ. ја укина и за обвинетиот определи мерка куќен притвор и мерка на претпазливост“, соопшти Врховниот суд.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира