(ВИДЕО) Германскиот претседател слетал во Катар, ама заборавиле да го пречекаат

0
171

Претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер денеска „извисил“ на аеродромот во Катар за време на неговата посета на оваа арапска земја, каде што пристигнал да разговара со шефот на таа држава.

Имено, никој не го пречекал Штајнмаер на аеродромот по слетувањето, поради што тој половина час го чекал својот колега од Катар на вратата од авионот во одело на температура од околу триесет степени.

Сепак, на Телеграм каналот на украинскиот портал „Strana.ua“ се додава дека сопругата на Штајнмаер не сакала никого да чека, па влегла во лимузина и го напуштила аеродромот, додека Штајнмаер незадоволно и со скрстени раце чекал во авионот.

Без разлика на се, средбата со катарскиот емир се одржала, а медиумите јавуваат дека подоцна се се одвивало според планот.

извор:vecer.press