Еден гол за големи три бода за Лацио

Серијата добри игри на Лацио под водство на Игор Тудор продолжи на вечерашниот дуел со Верона, на кој „лацијалите“ славеа со минимални 1-0 за трет триумф во низа, вкупно петти во последните шест кола од Калчо-лигата.

Првото полувреме донесе здодевен фудбал, но римскиот тим заигра подобро во вториот дел, создаде неколку шанси, а иницијативата конечно беше крунисана во 72. минута кога „резервистот“ Закањи на асистенција на Луис Алберто го матираше голманот на Верона.

Победничкиот погодок за „лацијалите“ можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...