Поврзи се со нас

Гостивар

Велковски во Гостивар на средби со социјалните служби и со пензионерите

Објавено

на

Министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски денес беше во посета на Центарот за социјална работа во Гостивар, како и на средба со пензионери.

Состојбите и предизвиците со кои се соочуваат во секојдневната работа беа тема на разговор со социјалните служби.

„Во рамки на овие работни посети разговараме за сите предизвици коишто биле или следат во иднина или се актуелни во самите центри. Социјалните служби тука се секојдневно и во постојана комуникација, со секој еден предизвик буквално се борат да им помогнат на луѓето, тоа во најголем дел се професионалци кои долги години работат и со своето искуство може да помогнат да течат сите процеси најнормално и во време на техничка Влада. Конкретно во Гостивар ги посочија бројот на предмети коишто ги имаат постојано, бројот на корисници како и предизвиците со самиот систем на проверка на податоците. Електронскиот систем за нив и после толку време е предизвик, затоа ќе работиме токму на тоа, да биде полесно во иднина за социјалните работници .“, изјави министерот.

Во однос на постапувањето по откриените над 2.200 корисници кои примале гарантирана минимална помош и социјална пензија, а се утврдило според евиденцијата на МВР дека се се сопственици на возило Велковски рече.

„По електронски систем со МВР треба да се разменуваат податоците, кои од оние кои добиваат гарантирана помош и социјална пензија имаат регистрирано возило во семејството, што е услов да не може да биде дел од социјалната заштита. Ги правиме последните проверки, инспекциите се на увид, на лице место да ја утврдиме слабоста на системот. Факт е дека список на вакви 2.252 возила стигна од МВР, не сме го нашле ние тој список. Ги проверуваме неколку дена, кај ќе се појави потреба, а не сме знаеле дека имаат возило, се стекнале со одредено право, што е незаконско, службите ќе постапуваат според закон. Мене ми е навистина жал што системот затаил некаде во целиот процес, ќе видиме што е таа слабост за да можеме брзо да ја отстраниме, да не постојат вакви ситуации.“, подвлече тој. Во Гостивар такви случаи се околу 160.

Во рамки на посетата на Гостивар, министерот оствари и средба со пензионери.

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 8 часа

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 9 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 14 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 15 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 16 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 18 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 20 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 1 ден

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 1 ден

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена