Top Sport

(Видео) Покер голови на Халанд, Сити го декласира Вулверхемптон

Фудбалерите на Манчестер сити на домашен терен го декласираа Вулверхемптон со 5:1, во 36. коло од англиската Премиер лига.

Блескаше Ерлинг Халанд кој постигна четири гола за домашниот тим (два од пенал). Сакаше да го постигне и петтиот поради што беше видно незадоволен и негодуваше во моментот кога Пеп Гвардиола реши да го замени во 82. минута.

Со оваа победа „Граѓаните“ ја задржаа пол-позицијата во борбата за титулата со Арсенал. На две кола пред крајот тимот од Лондон има бод повеќе, но Сити има меч помалку и доколку ги победи Фулам и Тотенхем на гости, а Вест Хем дома, ќе ја одбрани титулата шампион на Англија без разлика на резултатите на Арсенал, кој ќе гостува кај Манчестер јунајтед и ќе го пречека Евертон во последното коло.

Денеска избраниците на Пеп Гвардиола ја завршија работата во првото полувреме кое го одиграа во прилично лесен ритам и го решија во своја корист со 3:0, благодарение на хет-трикот на Ерлинг Халанд.

Во вториот дел Хванг намали на 3:1, но Халанд само 60 секунди подоцна му ја врати на Сити преднста од три гола. До крајот замената на Халанд, Хулијан Алварез во 84.минута го постави конечниот резултат.

Scroll to Top