ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Квантитетот на универзитети не донесе квалитет во образованието

Континуираните реформи, политизирањето на образовните институции на сите нивоа, како и лошите учебници се меѓу причините за падот на квалитетот на образованието оценува поранешниот професор, Авзи Мустафа.

„Меѓународните тестови докажуваат дека никаде не сме и затоа мора да се освестиме да излеземе од ова зло што го зафати нашиот народ… ова ни се случува затоа што сме политизирани и второто е дека не се формира комисија во која ќе бидат најеминентните луѓе кои го знаат овој проблем и ќе седнат да разговараат дека не може да има повеќе училишта, згради, универзитети кога не го обезбедуваат тоа што е потребно“, вели Мустафа.

Според професорот Мустафа, за да биде во чекор со напредниот свет во однос на квалитетот на образованието, политиката дефинитивно мора да се држи настрана од раководството на образовните институции.

„За да бидеме во чекор со напредниот свет мораме да земеме предвид некои критериуми или услови, а за мене е поважно кој ги води тие институции, ги водат луѓе кои се партиски и за кои одлучува партијата; второто, што е многу важно, е угледот на факултетите, колкава е мобилноста на студентите, каков е соодносот меѓу факултетите и студентите, и таму имаме пропусти, зависи на кого ќе дадеме оценка и на кого не даваме“, додава Мустафа.

На листата најдобри факултети не е рангиран ниту еден универзитет од Албанија, Косово, Црна Гора. Во Македонија, на листата од многуте факултети е  само „Свети Кирил и Методиј“ кој е рангиран на 1990 место од вкупно 2000.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button