Утрински Весник
Свет

Сандерс им порача на американските студенти дека се на вистинската страна на историјата

Sanders.webp.webp

Американскиот сенатор Берни Сандерс им порача на членовите на студентското движење, кои ги поддржуваат Палестинците и протестираат во американските универзитетски кампуси, дека се „на вистинската страна на историјата“.

„Во 1962 година организиравме мирни протести за да ставиме крај на расистичката политика на Универзитетот во Чикаго. И во 1963 година, бев уапсен поради протести против училиштата кои ги сегрегираа учениците по раса“, напиша Сандерс на платформата Х (Твитер) и додаде: „Но, бевме во право. Горд сум што гледам студенти кои протестираат против војната во Газа. Останете смирени и фокусирани“

Претходните денови на бројни универзитети во САД студенти протестираа за поддршка на Палестинците и барајќи прекин на војната во Газа, која доведе до немири и апсења во некои градови.

Можете да прочитате

САД: Можни се терористички напади врз претставници на ЛГБТ заедницата ширум светот

Тројца странски туристи и еден Авганистанец убиени од вооружени лица во Авганистан

„Тесла“ ќе отпушти 600 вработени во Калифорнија