На денешен ден – 22 април, 1945 годинаа, затворениците во усташкиот логор Јасеновац се дале во очајнички јуриш врз стражарите со цел да дојдат до слобода, при што од 1.073 луѓе, само 169 успеале да побегнат.

Логорот Јасеновац беше најголемиот логор на смртта во тогашната фашистичка Независна држава Хрватска. Во таа најголема „фабрика на смртта“ на Балканот, усташите убија стотици илјади Срби.

Логорот е формиран во август 1941 година, а го дизајнираше еден од најголемите воени злосторници од таа ера, Макс Лубуриќ, кој беше и првиот командант на логорот.

Кампот бил уништен од усташите во април 1945 година со цел да ги сокријат трагите од своите злосторства.

„Работниот логор Јасеновац“, како што го нарекува хрватската државна управа, бил убиствен терен за Србите од сите возрасти, полови, возрасти, социјални, образовни и други профили.

Професор Гидеон Грајф, историчар специјализизран за Холокаустот и автор на исклучително значајната монографија „Јасеновац – Аушвиц на Балканот – Усташка империја на суровоста“ наведува дека: „Јасеновац бил далеку побрутален од Аушвиц“.

Во процесот на „прочистување на хрватската нација“ спроведуван во логорот, беа убивани и деца, заедно со возрасните. Во текот на четири години, помеѓу април 1941 година и мај 1945 година, во усташката НДХ биле убиени 73.316 деца. За време на Втората светска војна, единственото место во цела Европа каде што имало специјални кампови за деца беше тогашната Независна Држава Хрватска.

Од декември 1941 до април 1942 година, усташите убија 19.544 момчиња и девојчиња од српска националност. Според сведоштвата, ги убивале на најстрашни начини, а децата умирале и повеќе од возрасните од болести, глад, жед и смрзнување.

Хрватската национална комисија, формирана во 1945 година, во својот извештај до Меѓународниот воен суд во Нирнберг наведува дека бројот на жртвите бил меѓу 500.000 и 700.000 луѓе.

Германските генерали од Втората светска војна, пак, даваат различни податоци за бројот на убиени Срби во НДХ, но сите споменуваат стотици илјади жртви.

Во 1943 година Александар Лер зборувал за 400.000 убиени Срби, Лотар Рендули, германски генерал, наведува дека биле убиени околу „500.000 православни“, генералот Херман Нојбахер споменува „повеќе од 750.000 убиени“, а Ернст Фик спомнува борјка од 600.000.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.