Со два натпревари од програмата во 18.45 часот стартуваше второто коло во ракометната Лига на шампиони. Норвешкиот Колштад успеа на домашен терен да слави против романскиот шампион Динамо Букурешт со 31-28. Домаќините одиграа одлично прво полувреме по кое имаа предност од седум голови 17-10. Во вториот дел гостите успеаја да ја намалат предноста, но не успеаја да стигнат до ништо повеќе од почесен пораз од 31-28. Гудјонсон со шест гола беше прво ...

Вечерва се одиграа три натпревари од третото коло во Лигата на шампиони. Од групата на Пелистер, Пик Сегед на гостински терен го совлада ГОГ со 36-21, а во центарот на вниманието беше Марио Шоштариќ. Хрватскиот ракометар постигна 12 гола во исто толку обиди за прва победа на унгарскиот тим. Голманот Тулин имаше 16 одбрани. ГОГ запиша втор пораз, а следниот меч го игра токму против Пелистер на гостински терен. После поразот од Пелистер, Загреб ...