Премиера

Познатиот хит „Магија“ доби ремикс отпеан од Пајак и Јован Јованов (Видео)

Младиот, талентиран и симпатичен пејач со потекло од Охрид Христијан Настески- Пајак заедно со продуцентот Јован Јованов го преработи хитот „Магија“, со кој Јованов и групата „Магија“ победија на „Макфест“ во 1998 година.

Јованов, кој сега живее и работи во Канада, после 14 години повторно влегува во студио и снима како вокал, овој пат во дует со нашиот Пајак. Новиот аранжман на песната го направи братот на Јован, Иван Јованов-Ивајо.

„Се надеваме дека овој дует ќе биде едно убаво освежување за македонската музичка сцена, но и поттик за нови песни за во иднина“, изјави неодамна Јованов.

А во продолжение, погледнете го новиот ремикс на оваа позната и хит песна, во изведба на самиот нејзин автор Јован Јованов и Пајак.

Можеби ќе ве интересира: