Конгресмени од двете партии изразуваат подршка за Џонсон по гласањето за помошта за Украина


Демократите од Претставничкиот дом соопштија дека се спремни да го подржат спикерот на домот, републиканецот Мајк Џонсон во случај неговите сопартијци да свикаат гласање за негово отстранување.


Некои екстремно позиционирани републиканци се закануваат дека ќе му го одземат лидерското место, откако викендов долниот дом на американскиот Конгрес ја одбори помошта за Украина и Израел.


Конгресменот демократ Џаред Московиц во интервју за „Фокс њуз“ истакна дека отстранувањето на Џонсон од спикерската функција значи засилување на напријателите на САД како Русија и Иран.

Конгресменот демократ Ро Хана изјави дека дејствува против отстранувањето на Џонсон од функцијата спикер, истакнувајќи дека „тој заслужува да остане на позицијата до крајот на мандатот“.


Претходно, републиканката Марџори Тејлор Грин започна постапка за спроведување на гласање за отстранување на Џонсон од должноста ако тој го стави на гласање нацрт законот за зголемување на помошта за Украина.

Грин и синоќа повика на истото, и го обвини Џонсон дека работи со демократите. И конгресменот републиканец Мајкл Макол, претседавач со Комитетот за надворешни работи даде подршка за Џонсон.


Во интервју за „Еј-би-си-њуз“ тој изјави дека „акциите на Мајкл многу пораснаа затоа што тој постапи правилно. Мислам дека тој ќе биде во ред“.

Џонсон дојде на спикерската позиција откако неговиот претходник, Кевин Мекарти беше отстранет од функцијат токму поради обидите да го стави на гласање пакетот за Украина.


Претставничкиот дом тогаш не работеше неколку недели. кб/сд/ .

Извор: МИА