Во придружба на оркестар, Калиопи го демонстрираше својот впечатлив вокален опсег.
„Сè уште сум опиена од енергијата на публиката. Каква ноќ, каков концерт! Со моите музичари го оставивме срцето на сцената Лисински, а секоја нота оваа вечер беше одраз на нашето искуство од оваа прекрасна сала. Два и пол часа поминаа како блесок“, изјави Калиопи по концертот.
Како специјални гости на сцената ѝ се придружија блиските пријатели Влатко Стефановски со кој ја изведоа песната Калеш Анѓо и Жељко Самарџиќ со кого го отпеа Знам, нивниот регионално познат дует.
Публиката двапати ја враќаше Калиопи на бис. На првиот бис го изведе својот голем евровизиски хит Црно-бело, а на вториот легендарниот евергрин Бато.