fbpx

Северна Македонија стана полноправна членка на Унијата за Медитеранот

-

Министрите за надворешни работи на 42 земји-членки на Унијата за Медитеранот, во рамки на Регионалниот форум што денеска се одржува во Барселона, Шпанија, едногласно донесоа одлука за полноправно членство на Северна Македонија во оваа организација. Унијата за Медитеранот ги вклучува сите земји-членки на ЕУ и медитеранските земји кои не се дел од ЕУ.

Во своето обраќање на свечениот чин на пристапувањето, министерот за надворешни работи Бујар Османи изрази благодарност за препознавањето на вистинскиот интерес земјава да се приклучи кон Унијата и истакна дека Северна Македонија со својата традиција на меѓуетнички дијалог, кохезија и мирно решавање на споровите, придонесува за стабилноста на Југоисточна Европа.

„Нашето учество во Унијата за Медитеранот како платформа за регионална соработка и дијалог ќе ни овозможи како земја со отпочнати преговори за членство во ЕУ, поблиско вмрежување и интеграција на Северна Македонија во европските структури што го покриваат медитеранскиот басен и соодветна интеракција со земјите од Европската Унија и петнаесетина земји од Јужниот и Источниот Медитеран“, рече Османи.

Министерот додаде дека од денеска земјава веќе се приклучува во работата на организацијата и ќе придонесе за промовирање на растот, вработувањето, регионалната кохезија и социо-економската интеграција, додавајќи им вредност на севупните односи во Евро-медитеранскиот регион.

Унијата за Медитеранот како организација беше основана во јули 2008 година со цел да се зајакне Евро-медитеранското партнерство што беше воспоставено во 1995 година како Барселонски процес. Во организацијата членуваат 27-те земји-членки на ЕУ и 15 медитерански партнерски земји од Северна Африка, Западна Азија и Јужна Европа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...