Вадите во Чешиновo неисчистени, земјоделците очајни, нивите ќе останат празни

Проблемите со водоснабдувањето во село Чешиново повторно ескалираа. По оддржаниот состанок пред 2 недели, решение се уште нема, а сеидбата за ориз почнува за кратко. Иле Арсов, претседател на месната заедница изјави дека вадите се уште не се исчистени и не се спремни за сеидбата. Дециден е дека површините не можат да се обработат за толку краток период. Очаен е дека ќе прерасне во посериозен проблем.

„ Па точно, цело зимо имаше една машина у Шеганци си стоја цело зимо таму таа машина не можела да се направе и 6 месеца си остана цело зимо. И нашто поле околу 2000 декара мислам дека се мош и да грешам ајде, проблем голем ќе биде. Вадите се катастрофа, може сеа да снимаме па ќе видеме не е чепнто една вадичка не е ископано. Воа е со години вака, божем ќе се реше денеска, утре, и те така си остана. Не, не можеме да ги обработеме површините, а сите имаме купено семенски материјал ѓубриња иаме купено, води за прскање, трошоци големи направени а површините не можеме да си ги посееме. .„ вели Арсов

И покрај современата опрема полињата се уште не се спремни, додека пак во минатото додека луѓето на располагање имале мотика и лопата, полињата биле насеани со ориз, беше дециден земјоделецот Игор Арсов.

„ Тие шо се таму да ги прашате дали у опште у земјоделие имат улезено? Немат. Немат улезено у земјоделие. И како да кажам едноставно нема на кој да се жалеме едноставно планираме да се организираме те луѓето дојдеа, разговараме у теко на неделата ако не се среде ситуацијата да излеземе на блокада на пато. Едноставно они да дојдат да го кажат решението, они како попаметни да го кажат решението. Ние викаме ајде да се приватизира водостопанството, веќе не се издржува. Постарите генерации работиле се со мотика, со лопата, немале се багери толку па селото повеќе било наводнато. А сега нивни луѓе партиски вработуват таму, не се способни едноставно, сеа не може така да биде„ посочи Арсов

Во случај доколку проблемот, не се реши за краток временски период, и нивните жалби не се усвоени, земјоделците ќе бидат приморани на целосна блокада.

Лаура Стојанова М-Нет