Герасимовски прави нов плоштад пред просториите на општината


Ново урбано катче, нов плоштад, најави градоначалникот на Општина Центар, Горан герасимовски, а веќе го огради просторот каде ќе биде поставена унсталација. 

– Работиме на ново урбано катче на аголот од ул. „Михаил Цоков “ и ул. „Орце Николов“ во Дебар Маало. Станува збор за модерна конструкција „Урбан атрактор“ на површина од 56 метри квадратни за релаксација и одмор на граѓаните. Урбаната инсталација ќе го збогати јавниот простор со платформа со неправилни облици, клупи, зеленило и паркинг за велосипеди.
Верувам дека новиот сквер ќе биде новото збирно место за одмор и дружба на центарци – смета Герасимовски.

Дали овој простор треба да биде уреден на ваков начин, останува на граѓаните да пресудат.