Објавено на:

Нашиот јужен сосед остана без пласман на Европското првенство

t

Првпат во својата историја, фудбалската репрезентација на Грузија ќе игра на Европско првенство, откако вечерва, во финалето од плејофот, ја победи Грција на пенали со 4-2.

По 120 минути игра немаше голови, а дополнителен проблем беше тоа што во продолженијата се повреди најдобриот грузиски фудбалер Квича Кварацкелија. Во пенал-серијата, Бакасетас и Јакумакис промашија за Грција, Микаутидѕе беше непрецизен за Грузија, но сепак домашната селекција беше подобра и обезбеди пласман на континенталниот собир.

Грузија беше на чекор од деби на европските првенства и пред три години, но тогаш во баражот загуби од Македонија на домашен терен со 0-1.

На Европското првенство, репрезентацијата на Грузија ќе биде во групата Ф, со Турција, Португалија и Чешка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски: Си велам да „утепам“ саат и…

Никола Груевски со статус на социјалните мрежи.…

ОЧЕКУВАВМЕ ПЕНДАРОВСКИ ДА ЗАГУБИ, НО НЕ ТОЛКУ…

Иван Илчев, историчар и шеф на бугарскиот…

Родените во хороскопскиот знак Девица љубат како…

Ако некогаш сте биле заљубени во личностите…

Зошто Тито никогаш не воспоставил дипломатски односи…

Јосип Броз Тито ги предал Израелците и…