еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И брат му на Агим Красниќи е меѓу уапсените во Косово

Меѓу уапсените во Урошевач, Косово е и братот на Агим Красниќи, Бесим Красниќи, објави телевизијата Телма.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Агим Красниќи кој е во бегство 4 години уапсен во Косово

Агим Красниќи во 2020 година избега од затворот во Штип, а во 2008 година беше осуден на 15 години затвор, бидејќи во 2005 година во Кондово од каде е, со својата група подготвуваше напад на Скопје.

До отслужување на казната му остануваат уште три години и три месеци.

Бесим Красниќи пак, се бара за издржување на вкупно 28 и пол години затвор за серија на кривични дела.

Другите двајца уапсени од истата кондовска група се Сехат Рамадани и Фадиљ Точи, објави телевизијата.

Рамадани е во бегство од 2020 година, исто така од затворот во Штип.

Точи пак треба да издржи 41 година и 7 месеци за 10 кривични дела.

Дали сите ќе можат да бидат испорачани во Македонија ќе биде појасно деновиве.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судскиот совет ги избра Даут Рустеми и Александар Милошески за судии во Апелационен суд Гостивар 

Редакција

Партиите една година без договор за иднината на СЈО, погодете зошто

Редакција

Ретка видео снимка од пренесувањето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје

Редакција