Понеделник очекувајте метеж во сообраќајот во Скопје


Фото: Б. Грданоски

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 28.11.2022 (понеделник) поради најавено одржување на протест со почеток во 07.00 часот, СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот на бул. „Гоце Делчев” и бул. „Крсте Петков Мисирков” и околните улици.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Дополнително, уште се прави дел од булеварот пред НБРМ, па сообраќајот на тој дел се одвива отежнато. Раскопана е и улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов, па сообраќајот со месеци се одвива само по една траса од студентскиот „Кузман“ кон Католичка.  Се реконструира и дел од улицата „Даме Груев“ зад Собрание. 

Се работи и на булеварот „Киро Глигоров“, по мостот „Близнак“, а градежни работи се одвиваат и кај Момин Поток.

Соодветно на сето погоре кажано, очекувајте метеж во центарот на Скопје.