После три години неуспешна работа – Локвенец поднесе оставка во Македонски Железници

После три години неуспешна работа, во земја каде што железничкиот транспорт системски е уништуван, додека колективниот превоз сведен на непостоечко ниво, директорот на Македонски железници Инфраструктура, вчера попладнето поднел оставка од позицијата на институцијата со која раководи.

МИА пренесе дека оставката Локвенец ја поднел поради лични причини, а не поради својата неуспешна работа, лошите резултати и секојдневното каснење и расипување на возовите.

Неофицијално, оставката на Локвенец била прифатена на владината седница, а за негова замена не било трошено многу време и назначен е Зоран Трифуновски.