Скопје

Тепачки во Скопје: Чаир, Ѓорче, Илинден се местата на пресметки

На 29.04.2024 во 12.00 часот во СВР Скопје, 22 – годишник од село во општина Илинден, пријавил дека околу 10.30 часот во селото, по претходно нарушени семејни односи, бил физички нападнат од С.А.(31) од истото село. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (30.04.2024) во 01.20 часот во СВР Скопје, Е.Б.(43) од Скопје пријавил дека на 29.04.2024 околу 22.15 часот на подрачјето на Чаир бил физички нападнат од неколку лица, од кои едно од нив употребило тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.04.2024 во 12.20 часот во СВР Скопје, А.Ј.(27) од с.Волково, скопско, пријавил дека на 28.04.2024 околу 23.20 часот во населбата Кисела Јабука, општина Ѓорче Петров, бил физички нападнат од Б.С.(26) од с.Волково и уште неколку лица, при што бил употребен и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.04.2024 во 12.30 часот во СВР Скопје, 30-годишна жена пријавила дека на 28.04.2024 околу 21.40 часот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиното момче А.Ј.(27) од с.Волково, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На почеток