Од Барселона се огласија по повод шпекулациите за Жозе Мурињо

Изминатите неколку недели откако беше најавено заминувањето на Чави Ернандез од Барселона на лето, се шпекулира со тоа кој ќе биде менаџерот кој ќе го наследи.

За Барселона има неколку опции, се споменуваат Ханси Флик, Јирген Клоп, но и Жозе Мурињо, кој како помошен тренер во минатото, работеше во Барселона со Сер Боби Робсон.

Мурињо заработи неодамна отказ од Рома, каде менаџираше две ипол сезони, па сега и тој е достапен за евентуална комбинација за тренерското место во Барселона. Токму на таа тема, се огласи Деко, кој ги појасни работитe:

– Жозе е мој голем пријател, но не сум се слушнал долго со него. Ние бараме тренер кој ќе се прилагоди на ситуацијата во клубот и кој ќе ни помогне да развиваме млади играчи кои ги имаме во академијата, порача Деко.

Освен Барселона, Мурињо во последно време се доведува до шпекулација и со екипата на Наполи, но и со евентуално заминување во Саудиска Арабија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО