Брегалница и Македонија ЃП во Втора лига, Шкендија го доби Шкупи за титулата!

фото: М Нет-ТВ

На СРЦ “Билјанини Извори” во Охрид се соочија Воска Спорт и Силекс каде домашниот тим во финишот дојде до победа од 2:1.

Кочоски погоди за 1:0, а Ѓорѓиевски за 1:1. Во 90. минута Шаркоски ги постави конечните 2:1.

Шкендија преку Цаке и Адеми дојде до победа од 0:2 над Шкупи во дербито на Чаир.

Работнички со 3:1 го доби Тиквеш преку Далеи и двата гола на Мазари. За Тиквеш погоди Сантос.

Струга со голот на Радески со 1:0 славеше над Гостивар, а пак Вардар со голот на Ѓуриќ во 93. минута ја доби Македонија ЃП со 1:0.

Брера и Брегалница ремизираа играјќи 1:1 во Турново. Филиповиќ погоди за 0:1, а Ивковиќ ги постави конечните 1:1.

Брегалница и Македонија ЃП се нови второлигаши.

Александар Ванев, М-Нет